bundle of joy

Ако сте биле супер организирани пред да имате деца, веројатноста е дека вашите вештини се намалуваат со секоja новa прoмена во семејството. Да се биде организиран кога имате дете е поврзано со времето, поточно колку време имате за вашето дете, домашни обврски и колку време останува за вас лично.

Но иако за организирање е потребно време, тоа заштедува и време. Овие совети се наменети да заштедат доволно минути секој месец што навистина би ви помогнало да имате неколку часа за себе, и секако да станете поорганизиран родител.

Уклучете ги децата во домашни активности

Кога се во можност децата, треба да придонесат помагајќи низ куќата со задачи соодветни на возраста.

Задолжителните работи создаваат успешни возрасни индивидуи, а децата можат да направат повеќе отколку што вие мислите дека можат. Колку повеќе ги уклучувате во домашните обврски, толку полесно ќе ви биде да се организирате.

Немојте да мислите на ова како испраќање на вашето дете во работен логор, вие ги учите на животни вештини со здрава доза на одговорност.

А сето ова може да биде и една многу интересна игра така претставена на нашите деца. Сигурни сме дека еднакво ќе уживате во играта наречена средување на куќа.

Направете календар на активности

Едноставен календар со активности, планер. Каде што точно ќе ги забележите активностите во текот на денот. Календарот можете да го поставите на видно место во вашата куќа за да сите членови брзо видат што им е обврска во текот на денот.

Најбитно е дека секој член од семејството ќе се чувствува рамноправно затоа што сите учествувате со активностите. Тоа е здраво за едно среќно семејство!

Сите играчки на полици

Полиците прават поголема организација во детските соби отколку кутиите за складирање, исто така ви помагаат да контролирате до кои играчки имаат пристап вашите деца. Играчките кои се поголеми и не се толку опасни (животни, големи дрвени коцки, колички или што било што бара минимален надзор) треба да се стават на долната полица каде што малите рачиња ќе имаат лесен пристап.

Ситните играчки како Лего и слично (секогаш во кутии со капаци) треба да се чуваат на врвот далеку од дофат на децата.

Поставувањето играчки на полиците е се. Со ставање играчки на полици, наместо во кутии, родителите и децата добиваат точна слика што точно имаат од играчки и лесно е за пронаоѓање на посакуваната играчка.

И секако најбитно е дека со вакви организирани полици нередот во детската соба е помал и полесно се расчистува и секако вие ќе бидете поорганизиран родител што ќе ви го олесни секојдневието покрај другите домашни обврски.

Помош онолку колку што можете да си дозволите за да станете поорганизиран родител

Ако можете да си дозволите да ви ги достават намирниците од онлајн продавница, направете го тоа. Ако можете да си дозволите да ангажирате жена за чистење, дури и ако тоа е само еднаш месечно, тогаш направете го тоа. Нема протреба да се чувствувате како да морате се да направите сами.

Доколку имате помош и користите алатки на модерното време и не правите се сами за вашите деца, тогаш не значи тоа дека не сте добри родители напротив, така полесно ќе станете поорганизиран родител и ќе имате повеќе време за вас и вашите деца.

Времето е пари, затоа трошете го што е можно поефикасно. Уште поважно, престанете да губите време обидувајќи се да живеете според застарените стандарди.

Точно место на чување

Одредете места каде што работите што редовно ги користите ќе бидат позиционирани за да знаете точно каде да ги најдете кога ви требаат. Чувајте ги клучевите на кука или во чинија.

Спуштете ги ранците, чантите или актовките на едно исто место. Полначите во означена фиока или ставете ги мобилните телефони на полнење. Ако видите една од овие работи дека се на друго место, вратете ги на одредените места на чување.

Организацијата е за да знаете каде се работите во секое време. Ако се придржувате до планираните места на чување, секогаш ќе знаете каде прво треба да погледнете. И секако нема да губите време во пронаоѓање на работите во вашата куќа.

Се надеваме дека придонесовме барем малце за вашата организација во вашиот дом и за тоа како полесно да станете поорганизиран родител. Уживајте во времето поминато со вашето семејството и времето за самите себе!