bundle of joy

Активностите за само-грижа на целото семејство ви помагаат колективно да се опуштите и да заборавите на обврските.

Во денешно време е многу тешко да се соберат повеќе генерации на едно семејно дружење, а уште потешко е да се отргнат од своите телефони и да разговараат меѓусебе.

Активностите за само-грижа на целото семејство можете да ги направите заедно, и не само што ја градат вашата семејна врска, туку и ви помагаат колективно да се опуштите и да заборавите на обврските.

Играјте заедно

Оставете ја технологијата и придружете се на заедничката семејна игра. Активностите за само-грижа се магичен момент за градење силна семејна врска. Во текот на играта додека се смееме телото ослободува окситоцин и го трансформира лошото расположение намалувајќи го хормонот на стрес кој циркулира во вашето тело.

Играта и смеата создаваат среќно чувство во вашиот дом. Играта го изострува размислувањето, ја гради самодовербата, го стимулира имунолошкиот систем, па дури и го подобрува сонот. И кога мама или тато се спуштаат на подот за да си играат со своите деца, и тие имаат корист.

Истражувачите откриле дека активностите за само-грижа се ослободувач од стрес и придонесуваат за целокупната благосостојба на возрасните. Затоа, повелете, земете го тој камион играчка или облечете ги крилјата на бајките и започнете да играте во името на грижата за себе!

Одете на семејна прошетка

Дневната прошетка може да биде една од активностите за само-грижа она што на вашето семејство му е потребно за да се чувствува освежено и обновено. Истражувањата покажуваат дека времето поминато во природа може да биде добро за психолошката благосостојба.

Прошетката во паркот, пешачењето по патека или време поминато во градината може да биде забавно и може да ви помогне да се чувствувате опуштено и одморено.


Изборот на време за прошетка кога улиците се празни, може да биде исто така забавно: Размислете за вечерна прошетка пред спиење. Искористете го како можност да ги набњудувате ѕвезтите и блескавата месечина, работи кои не би можеле да ги видите во текот на денот.

Или, ако вашите деца се рани птици, обидете се да го фатите изгрејсонцето и направете спомен што никогаш нема да го заборавите!

Вежбајте „Магично дишење“

Една од активностите за само-грижа може да биде и медитацијата, иако вашите малечки најверојатно нема да се подготват за маратонска медитација, но може низ игра да ги научите на магично дишење.

Еве како да го направите тоа: Во време кога вашето дете е веќе малку опуштено (пред дремка или после јадење) оставете го да ве гледа додека полека вдишувате низ нос (нечујно брои до 5), а потоа полека издишувајте низ носот ( нечујно брои до 5 ).

Испуштајте малку звук додека воздухот влегува и излегува и не го задржувајте здивот. Потоа, кажи: „Диши со мама“. Започнете со тоа што ќе го водите низ неколку брзи вдишувања , користејќи го вашиот звук и движења на рацете за да го водите.

Можете во вашиот дом да одберете „магично“ место за вежбање магично дишење.
Вклучете „магични“ перници за седење и направете го просторот посебен со слики на „магични“ пеперутки, дрвја… Наскоро, само седењето на ова „магично“ место ќе ги потсети сите да се релаксираат и дишат.

Споделете дневни „Врвови и јами“

Создавањето средина во која вашето семејство искрено може да ги изрази своите емоции е толку важно за време на стресни времиња, а чувството дека сте разбрани е клучен аспект на грижата за себе. Активностите за само-грижа можат да бидат и игри од споделување.

Со „Врвови и јами“ (понекогаш наречени Високи/Ниски или Рози и Трње), секој член на семејството наизменично ќе го дели врвот на денот (најдобриот дел од денот) и Јамата (најлошиот дел).

Рутините им помагаат на децата да се чувствуваат безбедно, среќно и паметно, и правењето на оваа практика има дополнителна корист од започнување разговор што може да ве зближи!

Време за приказна

Читањето на разни сликовници и книги се одлични активности за само-грижа за развој, го храни мозочето на вашето дете и може да помогне во зајакнување на јазичниот развој и покрај тоа што го прави вашето дете попаметно, ви дава слатка можност да си прилегнете.

Направете го читањето забавно и вие сами измислете свој крај на приказната. Доколку вашето дете е премногу мало за да ги знае зборовите во тој случај можете да зборувате за сликите. Можете да му дозволите да ја раскаже приказната на свој начин, дури и да се однесува како ликовите од неа.

Ова може да ви стане дневна рутина секоја вечер пред спиење на вашите најмили да му читате или расажувате приказни, времето за приказна ќе му помогне на целото семејство да се чувствува блиско, забавно и сите да имате лесен сон.