bundle of joy

Сите сензорни активности имаат големи придобивки за вашето бебе. Како и ние така и нашите бебиње го доживуваат овој свет преку нивните сетила.

Стимулирањето на вашето бебе е од голема важност за нивниот целокупен развој. Бебињата кој се стимулираат имаат подобра координација на мускулите, побрзо се развиваат и имаат посигурна слика за себе.

Со овие сензорни активности не само што ги развиваат и подобруваат 5 сетила исто така се развива и креативноста уште од најмала возраст и бебињата учат да истражуваат со ваша помош.

Еве неколку сензорни активности што може да ги испробате со вашето бебе. Но запомнете сите бебиња се развиваат различно, па доколку не се заинтересирани за некоја активност или не можат истата да ја направат, пробајте со друга која одговара за вашето бебе.

Сензорни корпи

Вообичаено е за бебињата да не се големи љубители на времето поминато на стомаче, па поради тоа најдобро е да му го задржите вниманието со некоја од овие сензорни активности.

Земете корпа и наполнета ја со различни разнобојни предмети,можете да ставите мали лажички, огледало или некоја светлечка топка, шарените пом пом топчиња ќе го привлечат вниманието на вашето бебе.

Исто така, можете и да ставите неколку меки топки во боја пред вашето бебе кои ќе се труди да ги дофати со рачињата. Без разлика кои предмети ќе ги одберете за сензорни активности, бидете сигурни дека секогаш се надгледувани додека играте со нив.

Бебешки песок за јадење

Бебешкиот песок можете да го направите така што ќе изблендирате овес, можете да го помешате со бисквити за подобар вкус (доколку му давате да јаде).

Една пластична корпа е добра инвестиција доколку во иднина планирате повеќе сензорни активности за вашето малечко.

Истурете го бебешкиот песок во неа, ставете го вашето бебе внатре или ставете ја корпата пред него и забавата може да започне.

Пластелин

Во сензорни активности спаѓа и играта со пластелин. Децата од сите возрасти сакаат да си играат со пластелин што се обликува. Така да дозволете му на вашето бебе да го гмечи пластенинот, направете заедно некоја форма, па растурете ја.

Оваа игра е одлична за координација и вештина на фаќање. Вашето најмило ќе уживаа во оваа активност и воедно е прекрасно искуство. Секако најважно е додека вашето бебе си игра со пластелин да бидете покрај него никогаш не го оставајте само да си игра.

Сензорни зип кеси

Сензорните зип кеси се одличен начин да го забавувате вашето бебе. Наполнете ги зип кесите или шишиња (тоа се оние кеси – зиплок што служат за замрзнување) со она што имате дома, може да е грав, ориз, леќа, житарици, шеќер, памучни топчиња, зготвени макарони, можете да ставите камчиња во различни големини и облици, некаква густа течност како желе, пудинг, исто така можете да ја наполните со пена за бричење, вода, бебешко уље и многу други работи што веќе ги имате во вашиот дом.

Но, секогаш осигурајте се дека се добро затворени и никогаш не го оставајте вашето бебе без надзор да ги истражува овие сензорни активности. Слободно користете повеќе зиплок кеси и ќе добиете дополнителен мир.

Овие сензорни активности се одлични за координација око – рака, визуелно скенирање и сензорно истражување. Ова е одлична активност доколку вашето бебе се уште не седи, легнето го на меше и поставете ги кесичките пред него, нека плеска со рачињата, може да ги гмечи и да ги истражува. Ви гарантираме неизмерна забава за вашето малечко.

Сензорна пена безбедна за вкус

За да направите сензорна пена безбедна за вкус можете да го искористите сокот од наут кој уште се вика и аквафаба. Користејќи го сокот од наут може да направите пена која е мека, лесна и целосна безбедна за вкус.

Се што ви е потребно за да ја направите сензорната пена безбедна за вкус е следното – 1порција Аквафаба (исцедена течност од една конзерва наут), сода бикарбона која се користи во кујната и можете да додадете боја за храна.

Три мали состојки од кои ќе создадете неуредна, безбедна и забавна, една од најдобрите сензорни активности за деца – бебиња ( се препорачува за поголеми од 12+).

Се што треба да направите е да ги ставите овие три состојки во еден длабок сад, изматете ги со миксер додека не добиете погуста текстура, матете одприлика околу 1 минута за да добиете свилена, сјајна и супер мазна смеса.

Аквафаба пената навистина ги надминува сите очекувања на добра забава. Вашите најмили ќе вкусат сигурна, мултисензорна и чудесна неуредна забава.

Сите овие сензорни активности ќе му помогнат на вашето малечко да ги развие 5 сетила: вкус, мирис, допир, вид и слух. Преку стимулот на сетилата се развива и мозокот.

Има и многу други придобивки од овие сензорни активности, вклучувајќи фини и груби моторни вештини, когнитивен развој, подобрување на меморијата, логичното размислување и многу други.