Политика за приватност

Политика за приватност на веб страницата www.bundleofjoy.mk.

 

  1. Со оваа Политика за приватност на интернет страницата на БАНДЛ ОФ ЏОИ-КИДС КОНЦЕПТ СТОР ДОО, се уредуваат начините на кои се собираат, одржуваат и откриваат податоците собрани од посетителите на веб страницата www.bundleofjoy.mk(во понатамошниот текст: Веб страница).
  2. Оваа Политика за приватност се однесува исклучиво на корисниците на Веб страницата. Доколку на Веб страницата е содржан линк кој ќе Ве поврзе со други веб страници, ние не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие интернет страни.
  3. Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку Е-commerce терминал од Стопанска Банка АД Скопје.
  4. Посетата на нашата Веб страница e анонимна.
  5. Со користење на нашата Веб страница, Вие се согласувате со одредбите од оваа Политика за приватност на личните податоци на страницата. Доколку не се согласувате со оваа Политика, Ве молиме да не ја користите нашата страница.
  6. Доколку се регистрирате за онлајн купување, сите лични податоци кои ќе ги внесете преку формата за регистрација, ќе се користат исклучиво за потребите на процесирање на Вашата нарачка.
  7. При вршење на регистрација, од Вас ќе бидат побарани следниве податоци:

–  име и презиме

– e-mail адреса (адреса за е-пошта)

–  адреса за испорака на нарачката и адреса за доставување на фактура по ваше барање

– телефон за контакт

  1. Податоците кои ги собираме се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Македонија.
  2. Вашите лични податоци нема да бидат продавани, разменувани, изнајмувани или споделувани со други физички или правни лица, органи на државна власт или други тела, освен во случаи утврдени со закон. 
  3. Нашата Веб страница ги презема сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална нивна злоупотреба.
  4. Нашата Веб страница може да користи колачиња („Cookies“) за да се подобри корисничкото искуство. Колачиња (cookies) се податоци кои ги користат веб страните за да ги идентификуваат веб корисниците. Со помош на колачињата се следи движењето на посетителите на веб страницата www.bundleofjoy.mkи на тој начин се собираат податоци за подобро разбирање за користењето на веб страницата од страна на посетителите, со цел да се подобри корисничкото искуство, да се оптимизира и унапреди функционалноста на веб страницата, но притоа не се користат личните податоци.Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да бидат искористени само за потребите на веб услугата и тоа на начин на кој Вашата приватност нема да биде загрозена. Секој посетител ја има можноста да избере и да го подеси својот пребарувач на интернет да ги одбие колачињата или да јави предупредување секогаш кога ќе се пратат колачиња. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од страницата може да не функционираат како што е предвидено.

Што овозможуваат колачињата?

Колачињата ни овозможуваат да го препознаеме Вашиот интернет пребарувач, при следната посета на интернет страната. Колачињата може да ги зачуваат Вашите преференции и други технички информации, но не можат да читаат податоци или информации од вашиот хард диск или мобилен телефон, ниту пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други интернет страни.

Типови на колачиња

 БАНДЛ ОФ ЏОИ–КИДС КОНЦЕПТ СТОР ДОО на веб страницата www.bundleofjoy.mk ,користи неколку видови на колачиња при работењето на истата и тоа:

 

Неопходни колачиња:

Колачиња кои се неопходни за правилно функционирање на основните функции на веб-страната како навигација, оптимизација на содржината и слично. Тие се најчесто поставени како одговор на одредена интеракција која ја имате со веб страницата.

Колачиња не содржат никакви лични информации и не може да се исклучат со овие поставки.

Повеќе опции во врска со користење на колачиња може да прилагодите во Вашиот интернет пребарувач, со цел да ги блокира или да Ве извести за овие колачиња, при што некои делови од веб-страната нема правилно да функционираат.

Колачиња за аналитика: 

Колачиња кои ни овозможуваат да ги броиме посетите и изворите на сообраќај, со цел да ги измериме и подобриме перформансите на веб-страната.

Тие ни помагаат да анализираме кои производи се најпосетени и да видиме како посетителите се движат низ страната. Сите информации што ги собираат овие колачиња се агрегирани и анонимни.

Сесиски колачиња: 

Овие се привремени колачиња, кои се зачувуваат во датотеката на колачето на вашиот Интернет-пребарувач, додека не ја завршите сесијата на вашиот Интернет-пребарувач.

Со кликање на копчето “Се согласувам” или со продолжување на користење на веб-страната, се согласувате да ги зачуваме колачињата опишани во овој документ.

Доколку не сакате да користиме cookies како што е наведено погоре, или ако се премислите откако ќе се согласите со нашата употреба на cookies , можете истите да ги избришете преку вашиот пребарувач.

 

  1. Доколку сте регистрирани на нашата Веб страница, врз основа на Ваше писмено барање Вие имате право да бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на обработката на личните податоци, да пристапите до Вашите лични податоци и да ги дополните, измените, избришете или да побарате запирање на нивната понатамошна обработка.
  2. Нашата Веб страница го задржува правото во секое време да jа измени или дополни оваа Политика за приватност, за што ќе биде поставено видливо известување на Веб страницата.
  3. Доколку сакате Вашите податоци да бидат корегирани или избришани, можете да нè контактирате на следната електронска адреса:

 

 

 

 

УСЛОВИ ЗА ИСПОРАКА

Испораката се врши на адресата дефинирана од Купувачот при извршената нарачка исклучиво на подрачјето на Р.С. Македонија само на лицето со својство на Купувач (име и презиме) или на лицето дефинирано како преземач на нарачката од страна на Купувачот.

Испораката се наплаќа  150   денари, без оглед на висината на износот на нарачката, а преземањето може да се изврши исклучиво од страна на Купувачот (или наведеното лице за прием на нарачката) со покажување валиден документ за лична идентификација.

Испораката на нарачките ќе се врши преку доставната фирма–партнер за логистика на БАНДЛ ОФ ЏОИ–КИДС КОНЦЕПТ СТОР ДОО

Партнерот за логистика на БАНДЛ ОФ ЏОИ–КИДС КОНЦЕПТ СТОР ДОО за овој вид испораки, има обврска да го контактира Купувачот за да се договори точното време на испорака во рок од 5 работни дена по извршената онлајн нарачка.

Доколку доставувачот не Ве пронајде на адресата, вообичаена пракса е да Ве побара на телефонскиот број кој сте го впишале при креирање на нарачката со цел да договорите нов термин за достава. Доколку и во вториот обид за достава не Ве најде на договорената адреса, пратката ќе ни ја врати нам. По прием на пратката, ќе Ве контактираме за да ги утврдиме причините за неизвршувањето на доставата и ќе договориме повторна достава.

Пратките се уредно и безбедно спакувани се со цел да се заштитат од било какви оштетувања. Доколку забележите било какви оштетувања и неправилности, веднаш контактирајте нѐ на е-маил адреса joy@bundleofjoy.mk  или во порака на социјалните мрежи Facebook и Instagram.