bundle of joy

Првите шест месеци од животот на вашето бебето се едни од највозбудливите. Не само што се забавувате секој ден додека двајцата се осознавате, туку и вашето бебе се развива со брзина на ракета.

Во првите шест месеци од животот на вашето бебе ќе поминете низ неколку фази на растење и развивање.
За да му помогнете на вашето бебе, можете преку забавна игра за бебиња да му ја поттикнете љубопитноста и воедно заедно да се забавувате.

Игра на стомаче

Ставете го вашето бебе на мека подлога, нека биде свртено на стомаче, оваа игра за бебиња практикувајте ја по неколку минути во текот на денот. Во оваа положба се зацвртуваат мускулите на грбот, рамото и вратчето.

Ќе го осознае и истражува новиот свет од различни перспективи. Додека тоа лежи можете полека да го галите по грбчето тоа ќе му даде поголема сигурност дека сте тука за него.

Раздвижување

Легнете го вашето бебе на грбче на мека подлога. Дозволете му да клоца прета нека се раздвижи, исто како и играта на стомаче битна е оваа игра за бебиња за развојот на вашето бебе исто тука се активираат сите мускули.

Фатете му ги рацете и нежно повлечете го од лежечка положба во стоечка, и така неколку пати. Ова движење ги зацврстува основните мускули на телото и рацете.

Зборувајте

Колку повеќе разговарате со вашите бабиња, толку побрзо ќе почнат да распознаваат вербални знаци. Можеби бебињата нема да ви одговорат со зборови но тие ќе бидат свесни за кога вие им зборувате и ќе почнат да ги разбираат вербалните знаци.

Родителите кои поминуваат време да разговараат со своите бебиња им покажуваат на своите малечки дека разговорот значи разговор и гестикулации наизменично. Тие ќе почнат да учат и распознаваат тон и ниво на глас. Затоа кога зборувате користете повеќе гестикулации и разлнични тонови на глас.

Можете додека зборувате и да играте во исто време. Со оваа игра за бебиња и разговарање, на вашето малечко ќе му биде интерсно да ве гледа и слуша. И ќе почне да реагира на вашето зборување и гестикулации.

Пеење

Додека му пеете на вашето бебе, тоа ќе почне да ги истражува емоциите. Со користење на вокален опсег и песни со рима, можете да му покажете на вашето бебе како да најде утеха во тивките песни или како да изрази возбуда и среќа со забрзани и живи мелодии.

Со оваа прекрасна игра за бебиња на вашето малечко ќе му пружите преубави поминати моменти заедно и убава можност да се поврзете уште повеќе.

Игри со фаќање

Игрите со фаќање ги развиваат мускулите на рацете и координацијата. Бебињата се љубопитни, ќе им биде интересно да истражуваат.

Земете корпа, кошница или некоја кутија со предмети кои се безбедни ( да немаат мали ситни делови ), може тоа да бидат хартија, коцки или топчиња, нека бидат со различна текстура, форма и боја. Дозволете му на вашето бебе да ги истражува, да игра со нив.

Игра со огледало

Бебињата сакаат да си ги гледаат своите лица и си играат со нивните рефлексии. Ракоплескајте заедно, правете гримаси, играјте и прашајте го вашето дете „кој е тоа?“ да им помогне да научат за размислувањата и емоциите.

Масажа

После игра за бебиња и активностите можете во топла купка да го избањате вашето бебе и потоа да го измасирате. Допирот кожа на кожа е еден од најбитните работи така родителот и бебето дополнително се поврзуваат.

Тоа на вашето малечко му дава дополнително чувство на безбедност и љубов. Додека го масирате искористете го времето да му зборувате, пеете.

На бебињата им треба допир за да напредуваат, така што масажата е прекрасен и нежен начин да им се даде она што им е потребно.

Тивко време

Обидете се со вашето бебе да легнете заедно, охрабрете го да се чувствува удобно, а да неправите ништо. Тивко време за вас и вашето бебе слушајте ги звуците на околината, гушкајте се, опуштете се. Тивкото време ќе го научи вашето бебе да се поврзе со себе и помага за саморегулирање на емоции.

Овие игри за бебиња ќе ви помогнат во секојдневните активности. Заедно ќе уживате во секој миг, заедно ќе се радувате на секоја нова активност и рекција на вашето малечко. Вашите малечки брзо растат, па затоа искористете го секој миг заедно.