За нас

Bundle of joy е проект на две мајки

Bundle of joy е проект на две мајки и една идеја која настана кога станавме мајки по втор пат. Сакајќи да си го олесниме секојдневието, ни беше важно да имаме време за првите деца и за семејството, па затоа ни беа потребни реквизити, едукативни играчки, кои се безбедни Еко френдли, функционални и со иновативен дизајн.

Затоа, за Вас драги родители, создадовме „Продавница за семејства“ со која Ве поддржуваме во уживање на животните вредности. Нашата мулти-бренд продавница обединува разни европски брендови кои со својот дизајн и квалитет ги исполнуваат барањата и потребите на современите родители и се разбира, на децата.

Секој наш производ има своја приказна и е вистинска „среќичка во вреќичка“ (Bundle of joy): ECO friendly, BPA Free, CE (ConformiteEuropeen), еколошки производи ориентирани и кон животната средина, затоа што предизвикуваат минимална деградација. Драги трагачи на среќа во мали нешта, како мајки, а не како бизнисмени, Ви посакуваме добредојде во нашиот креативен свет.